Наодите од испитувањата на „Билјанини извори“ покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и дека не е безбедна за пиење, соопшти Центарот за јавно здравје-Охрид.

„Во интерес на навремено и точно информирање на јавноста и со цел грижа за здравствената состојба на населението, ве известуваме дека наодите од 7 декември од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот ‘Билјанини извори’ покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и согласно правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење“, велат од ЦЈЗ-Охрид.

Од таму додаваат дека наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 23:44