Поради постоење на сомнение за кривично дело злоупотреба на службената положба извршено од 29-годишниот Г.С. како претседател на Студентскиот парламент на универзитетот „Гоце Делчев“, СВР-Штип поднесе писмено известување до јавното обвинителство.

Г.С. делото го сторил во периодот на 2016 година, соопшти портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

– Без почитување на статутот на здружението, без донесување на писмени одлуки на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица од сметките на здружението незаконито им исплатил парични средства од вкупен износ од 3.147.733 денари, овозможувајќи им истите да се стекнат со некаква корист, на штета на здружението, вели Панајотова.

Таа кажа дека Г.С. потпишал фиктивни одлуки, на кои навел дека се донесени на одржана седница на претседателството, при што на незаконски начин, без почитување на статутот овозможил противправна имотна корист.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 23:56