Откако дваесет лица од ресенските села Крани и Арвати побарале лекарска помош со симптоми на воспаление на дебелото и на тенките црева (ентероколит) екипите на Центарот за јавно здравје – Битола, Дравниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна извршиле надзор на водата во тие села.

Од Министерствтоо за здравство информираат дека биле констатирани неправилности и водата за пиење е забарнета.

Лицата кои што побарале лекарска помош биле дијагностицирани во периодот од 3 до 7 декември. Тие биле со лесна клиничка слика и не биле хоспитализирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 23:57