До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.

Температурите ќе бидат без значителна промена.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2024 00:39