Кучето што синоќа нападна деца и возрасни во населбата Ново Лисиче денеска било заловени, објавија од Град Скопје. Кучето било пренесено во стационарот Вардариште.

– Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште. Им благодариме на граѓаните за помошта. Се работи за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Известете ја полицијата ако го препознаето кучето или го познавате неговиот сопственик, се вели во постот на ФБ профолот на Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 00:04