Високи концентрации на штетните ПМ10 и ПМ2.5 честички во текот на изминатите денови. Скопје повторно се гуши како минатата година и годините пред тоа.
Највисоката концентрација на ПМ10 честички беше измерена во текот на ноќта во Лисиче, каде што беа измерени 642 µg/m3, а загаденоста таму беше висока и утрово.
Утрово концентрациите на ПМ10 честичките се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.
Воздухот во Скопје е загаден од 6-ти вој месец, а концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности од 200 до 600 микрограми.
За попладнево е најавен засилен јужен ветер, кој што се очекува да доведе до расчистување и намалување на загаденоста.
Воздухот во Скопје не бил загаден на 1, 2 и 3 декември. Месечните извештаи покажуваат дека во ноември скопјани дишеле воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, Лисиче 25 и најмногу кај Ректоратот- 26 денови.
Загадени се и Тетово, Битола, Велес.