При лов на дивеч во кој учествувале поголема група на ловџии во близина на браната Водоча-Струмица, Ж.И. бил повреден од ловна пушка во пределот на главата по што починал.

Како што информира МВР, поради непристапен терен возилото на итна медицинска помош не можело да отиде до самото место, по што еден од присутните ловџии се упатил во најблиското село за да земе теренско возило, со цел повредениот да го пренесе до возилото на итната медицинска помош.

Во 16:30 часот повредениот Ж.И., во бессознание и во тешка состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде во 16:40 часот починал.

На местото на настанот излегол Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 00:50