Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, а во останатите делови коловозите се претежно суви. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка. Во Маврово врнежите се од дожд и снег, инфомрира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 01:32