„По инцидентот и каснување на повеќе граѓани од напуштено расно куче кое со сигурност имало сопственик, во медиумите се пласираа непроверени информации за повторни напади од куче скитник на ул. Перо Наков и со тоа придонесе во создавање на паника, страв и дезинформирање на севкупната јавност.

Посочуваме дека станува збор за напади од истото куче а не од куче скитник како што се вели, и повикуваме сите медиумски представници да ги контактираат МВР за да се потврди нашето тврдење. Повикуваме да во специфични и изолирани случаи како овој со кој се соочивме се известуваат само проверени податоци, да се дејствува совесно и трезвено затоа што во спротивно се создава целосно лажна слика и доведуваат граѓаните во опасност. Лажните податоци не носат добро никому туку создаваат хистерија, а граѓаните и животните ги изложуваат на многу поголема опасност, опасност од отрови кои во моментов масовно се злоупотребуваат и од кои и човечки жртви се само прашање на време!

Во текот на денешниот ден, како резултат на непроверената вест за повторни напади од кучиња отрови се поставени на високофрекфентни локации во Центар , Карпош и Аеродром, а се одстранети од одговорни граѓани и активисти кои на овој начин исто така се изложени на опасност затоа што одредени нервни отрови го загрозуваат животот и со само вдишување.

Ги повикуваме институциите да превземат конкретни мерки и се превенираат/евидентираат/казнат сите лица кои во храна поставуваат нервни отрови кои се фатални како за животните така и за луѓето и кои дејствуваат во потполна разорна моќ во само 10 минути, дури и пократко.

Животните не се закана во Скопје, ниту во нашата држава, издвоените случки како овој не смеат да бидат третирани со сензационализам. За природата на животните не смее да говори исклучокот, кучето било и ќе биде човеков најверен пријател. Животните не се криви што завршиле на улица и нема да ги снема со убивање, туку само и исклучиво со масовна стерилизација на бездомните и воспоставување на контрола врз причинителот бр.1 за нивното постоење – неодговорното чување, неконтролираното размножување, фрлањето на милениците на улица.

Крајно е време за суштинско редефинирање на законската рамка која го одредува одговорното чување миленик, со што прецизно ќе се постават одговорностите, обврските; дефинираат казни за напуштање и неконтролираниот расплод. Во услови какви што се во Македонија, Анима Мунди уште стои и на предлогот за мандаторна стерилизација на миленик , освен во случаи на регистрирана одгледувачница за што се плаќа данок“ се вели во соопштението на Анима Мунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 01:37