Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштија дека водостојот на Вардар во Велес и Демир Капија е малки повисок од вообичаениот за декември, а на мерните места во Јегуновце и Скопје е понизок од повеќегодишниот просек, што е намалување во однос на претходните денови.
Повисок водостој од просекот имаат и реките Треска кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани. Останатите реки се на просечното ниво за овој месец.
Повисок водостој од просечниот за декември имаат Охридското и Дојранското Езеро, а кај Преспанското нивото е за 18 сантиметри пониско од просечното.