Едно лице е рането во пукотница што попладнево околу 14 часот се случила во Охрид, на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“.
Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски за „Макфакс“ го потврдил настанот, при што истакна дека повредениот веднаш бил префрлен во болницата „Св. Еразмо“ и се наоѓа надвор од животна опасност. Како што посoчи Димоски, лицето имало прострелна рана во пределот на коленото.
На местото на настанот се врши увид од страна на полицијата, која презема мерки за пронаоѓање на сторителот.