Вечерва се отруени две кучиња во скопската населба Карпош 4. Се работи за улични кучиња, но за нив се грижеле граѓани од околните згради.

Како што јавуваат од Либертас, отров има расфрлени во повеќе скопски населби, па ги советуваме луѓето со мали дечиња да не ги оставаат дечињата да играат во тревниците и да фаќаат предмети од земја. Истото важи и за луѓето што чуваат домашни миленици.

Активисти за заштита на животните известуваат дека на повеќе места низ Скопје деновиве е расфрлан отров, кој може да убие и човек.

Отров е забележан на Партизанска кај Универзалната сала, каде веќе се отруени мачиња, како и на уште неколку места во центарот на Скопје – во околината на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, Фершпед, Водовод, Министерство за правда и Министерство за труд и социјала, кај Неуромедика, во Капиштец кај паркчето спроти Католичка црква и околу трговскиот Беверли Хилс. Отров има и во општина Аеродром во близина на црквата Св.Илија.

Отруени кучиња во Карпош, отров расфрлан низ цело Скопје (Фото)


Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 04:21