Земјоделците не се задоволни од Министерството за зeмјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и неговата работа ја оценуваат со „двојка“, покажува најновата анализа на Рурална коалиција.

Критиките главно се однесуваат на периодот од 2013 до 2016 година, а незадоволството е особено големо заради нефункционалноста на работните тела кои треба да го обезбедат учеството на земјоделците во креирањето и спроведувањето политики во оваа област.

Како што наведува Рурална коалиција на својот фејсбук профил, ова се перцепциите и ставовите на 400 земјоделци од сите региони во државата, анкетирани во периодот октомври – ноември 2017.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 12:42