Прокиснување на зградата, обнова на инструмените, чување на дел од народните носии, како и изработка на копии на работните носии, се меѓу проблемите на НУ-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, кои денеска му беа предочени на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, за време на неговата посета на институцијата.
Министерот Алаѓозоски истакна дека како Министерство и како Влада имаат заложба да ги решаваат проблемите и да ги подобрат условите во кои творат уметниците и затоа, вели, нема да се работат големи капитални проекти, туку ќе се фокусираат на реконструкција на постојните институции.
– И покрај тоа што и овој објект е нова зграда, односно доградба, бил оставен недовршен. Дел од зградата е без покривна конструкција поради што повторно има протекување кое што ги оштетува работните простории и ако не преземеме нешто ситуацијата ќе се влоши. Во таа смисла ние правиме приоритети на санација на објектите и очекуваме дека и овој проблем брзо ќе го решиме, рече Алаѓозоски.