Јавна дебата на тема: „Политичко учество на лицата со попреченост“ се одржа денеска во Куманово, во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, по повод Меѓународниот ден на човекови права.
Како резултат на проектот, лицата со оштетен вид на последните избори, имаа можност првпат да гласаат самостојно, користејќи Брајово писмо. Паралелно со ДИК, надлежните институции и граѓански организации извршија проценка и проверка на пристапноста до гласачките места. Во првиот проект „Инклузива“ анализирајќи го Североисточниот регион утврди дека 63 проценти од гласачките места се непристапни.
- Нас не иритираше што на денот на гласање, гледавме паравани за гласање на втор кат каде не може да пристапи лице во количка. Не треба сама го да ги исполниме критерумите од некој што бара да има такви паравани туку треба да создадеме услови тоа лице да стигне до гласачкото место... Друго што не иритираше е што слепите лица воопшто не гласаа, им беше 100 проценти нарушена тајноста на гласањето. Останатите видови на попреченост се воопшто неинформирани. Лицата со оштетен слух не добиваа информации со знаковен јазик, рече Благица Димитровска од „Инклузива“.
Таа додава дека утврдиле оти од осамостојувањето на државата до денес нема ниту еден пратеник, лице со попреченост, иако, додаде здруженијата со години наназад барале политики со кои се промовира еднаквост, закони кои ќе бидат инклузивни, ќе ја вклучат оваа категорија граѓани..
Од ДИК истакнаа дека била направена проценка на 80 проценти од гласачките места во државата. Добре Јанчев, генерален секретар на ДИК вели дека 2017 година ќе остане запаметана во Комисијата преку овозможување на лицата со попреченост без ничија помош да можат да си го остварат своето гласачко право.
ДИК во соработка со Министертствот за труд и социјална политика, подрачните одделенија и невладините организации, спровеле целосна проверка и проценка на пристапноста на избирачките места во Македонија, при што основна идеја било да се согледа фактичката состојба од аспект на пристапноста на овие места за лицата со поинакви способности. Ова е прв проект од овој карактер во Македонија.
- За жал, не успеавме да дојдаеме до сите избирачки места беа опфатени и снимени 80 проценти од објектите кадешто се наоѓаат гласачките места или над 87 проценит од гласачите гласаат во овие објекти каде што се изврши проценкаов проект во Македонија, рече Јанчев.
Главна цел на проектот Политичко учество на лицата со попреченост во Македонија е да се овозможи поголемо учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Македонија, независно гласање без помош и влијание од другите. Проектот се имплементираше во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица и Битола.
„Инклузива“ организираше седум информативни работилници за лица со различен вид на попреченост кадешто 115 лица беа информирани за изборниот процес и политичкото учество.