Градскиот дувачки оркестар вечер од 19 часот во Дансинг салата на Младинскиот културен центар ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.
На програмата се петнаесетина композиции, а за крај на концертот оркестарот ќе го изведе Штраусовиот „Радецки марш“.
Влезот за посетителите е слободен.