Невработеноста кај ромската етничка заедница во Македонија изнесува 75 проценти, што е двојно повеќе од националниот просек на невработеност. Најголем дел од нив или 88 проценти имаат нецелосно или целосно основно образование, 4,4 проценти целосно или нецелосно средно образование, покажуваат податоците на Ромскиот образовен фонд (РЕФ).
Овие податоци, и потребата за подобрување на состојбите, биле причината за реализација на проектите „Завршување на училиштето како патека кон вработување“ и „Подобрување на вработувањето преку образование и обуки“, чии резултати покажале дека образованието е единствен начин за справување со невработеноста кај Ромите и излегување од кругот на сиромаштија.