Традиционално и оваа година се избрани најдобрите угостителски објекти и најдоброто кафуле во Скопје.
Според оценките најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови во Град Скопје, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат, денеска добија признанија за својот квалитет и престиж.
Годинава за најдобри три ресторани се избрани: 1.„Оливе“, 2.„Лајт џез клуб“ и 3.„Македонска куќа“.
Најдобри три гостилници се: 1.„Сношти минав“, 2.„Кафана“ и на третото место се пласираше „Скара бар“.
Најдобри во категоријата кафе барови се: 1.„Рок Бар Круг“, 2.„ Mr. Jack“ и 3.„Speakeasy“.