Општина Центар во соработка со полициската станица Центар, упати јавен повик и апел до сите граѓани, за расфрлањето отров по улиците.

Саша Богдановиќ рече дека се преземаат мерки да се е расчисти случајот за да не ни се случи масовно труење на животните, а за таа цел ќе има секојдневни контроли.

- Ние ќе излегуваме во контрола секој ден, но апелираме и за помош за пронаоѓање на луѓето кои фрлаат отров. Апелираме до граѓаните за било каков податок доколку затекнат сомнителен лик да расфрла отровни материи. Општината ќе дава парична награда за оној кој ќе даде било каков податок. Очекуваме ова да биде стимул за луѓето да ни дадат било каква информација, вели Богдановиќ.

Тој информира дека секојдневно примаат пријави за расфрлам отров кој е опасен за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 11:59