Жителка на Илинден вчера пријавила дека утрото околу 07.30 часот додека се движела по ул.19 во населбата, била нападната од страна на четири кучиња скитници, при што едно од кучињата ја каснало во предел на грбот.

Како што соопшти МВР, Џ.Б.(38) откако паднала на асфалтот другите кучиња ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и ги избркале кучињата.

Оштетената побарала лекарска помош во Ургентен Центар – Инфективна клиника каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 12:03