Во текот на цела ноќ загадувањето во Скопје беше на енормно високо ниво. Преовладуваше густа магла, намалена видливост и големо загадување на амбиенталниот воздух исто како и во текот на вчерашниот ден. Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажаа најголемо загадување на воздухот и високо ниво на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички во Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба.
Во текот на ноќта Карпош ја надмина границата на канцерогените ПМ10-честички од 620 микрограми на еден кубен метар што е за повеќе од 12 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Центар беа измерени 309, а во Гази Баба и Лисиче 246 микрограми на метар кубен односно скоро пет пати повеќе од дозволеното.