Студентите од пет правни факултети во Македонија денеска се натреваруваат во симулирано судење. На третиот студентски натревар учествуваат тимови од правните факултети од Скопје, Битола, Штип и од двата универзитета во Тетово – државниот и од Универзитетот на ЈИЕ.

– Станува збор за вистински судски случаи, кои се избрани односно се земени од Основниот суд Скопје 1, Одделот за организиран криминал. Студентите преку ваквите симулации во цела година имаат можност да ги покажат своите ораторски способности, односно говорни вештини, а она што е многу важно е и целта на проектот и очекуваните резултати – стекнување практични вештини во примената на Законот за кривична постапка, изјави Лазар Нанев, професор на Правниот факултет во штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2017 02:11