Вклучување на граѓанските организации, Народниот правобранител, како и Дирекцијата за заштита на податоци во одобрувањето на барањата за следење на комуникациите, денеска беше побарано на трибината на тема „Реформа на следењето на комуникации – суштински или козметички промени?“ во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), а во соработка со Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Институтот за европски политики (ЕПИ).

Александар Николов од Асоцијацијата Зенит смета дека предложените законски текстови не одговараат на препораките од ЕУ, во смисла дека треба да се отстрани директниот пристап на државните органи во целокупниот телекомуникациски сообраќај.

Според раководителот на проектот „Расправи за политиките на рефирмските приоритети“ Гордан Георгиев, во предложените законски измени за рефортми во следењето на комункикациите недостасува надзор од граѓанските организации, како и од Парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2017 02:21