Десетгодишно дете вчера попладне било нападнато и искасано од две кучиња на ул. „Волгоградска“ во Скопје, соопшти полицијата.
Синоќа во 20.30 часот, 50-годишниот Т.С. во полициската станица Карпош пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, на ул. „Волгоградска“ две кучиња го нападнале неговиот 10-годишен син.
Детето, како што се наведува во полициското соопштение, се здобил со видливи повреди – расекотини на двете нозе.