Македонскиот ракометар Стојанче Стоилов се најде меѓу десетте најдобри спортисти во изборот на националните новински агенции во регионот во кој учествуваше и МИА.
Победник е бугарскиот тенисер и трет АТП играч Григор Димитров кој доби 62 поени. На второто место се најде романската тенисерка Симона Халеп со 60, додека трет е турскиот спринтер Рамил Гулиев со 49 бода.
Топ 10 спортисти во 45. избор спроведен од Бугарската новинска агенција (БТА) за 2017 година:
1. Григор Димитров (Бугарија) – 62 поени
2. Симона Халеп (Романија) – 60
3. Рамил Гулиев (Турција) а- 49
4. Катарина Стефаниди (Грција) – 48
5. Сандра Перковиќ (Хрватска) – 46
6. Лука Модриќ (Хрватска) – 31
7. Елефтеирос Петроуниас (Грција) – 21
8. Богдан Богдановиќ (Србија) – 19
9. Тијана Бошковиќ (Србија) – 17
10. Стојанче Стоилов (Македонија) – 16.
Вкупно 30 спортисти од 10 земји добија поени во анкетата.