Екипи на Министерството за внатрешни работи и Противпожарната заштита попладнево преземаат мерки за вадење на патничкото возило „Нисан“ од реката Вардар кај ГТЦ спроти Телеком.
Како што соопшти МВР за МИА, случајот го пријавил граѓанин попладнево во 16:45 часот. Според него, возилото со запалени светла пловело по Вардар од мостот кај булеварот „Гоце Делчев“ кон Камениот мост и застанало кај ГТЦ спроти Телеком.
- Возилото е со жолта боја, но се уште не може да се потврди дали во него има лице/а, информираат од МВР.