Извлечено е возилото што попладнево пловеше во водите на реката Варадар, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Командирот на Територијалната противпожарна единица Звонко Томевски изјави дека возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила.
Интервенцијата траела околу еден час.
Од МВР засега не потврдуваат чие е возилото.