Со литија во центарот на градот и делење на славскиот колач, денес штипјани го отпочнаа чествувањето на големиот христијански празник Св.Никола, патрон на Штип.
Со литија во центарот на градот и делење на славскиот колач, денес штипјани го отпочнаа чествувањето на големиот христијански празник Св.Никола, патрон на Штип. Пред верниците се обратија поглаварот на МПЦ г.г Стефан и митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион.
Традиционално беа доделени признанијата 19-ти декември и орденот Св.Никола, кој годинава постхумно го доби првиот преседател на Република Македонија Киро Глигоров.
Досега орденот Св.Никола го добија поглаварот на Брегалничката епархија г.Иларион, лекарите Сашко Кедев, Жан Митрев, Никола Груевски ,Срѓан Керим.