Како што информираат од МВР, утринава во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар.
Според неофицијални информации станува збор за култното скопско кафуле Круг лоцирано кај кружниот тек во Дебар Маало.
Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот.