Оружен напад со калашников доцна попладнево се случи во Скопје. 24 годишен Скопјанец бил застрелан на улицата Џон Кенеди и е пренесен во болница во тешка состојба, каде што подлегнал на повредите и починал.
За неполни два месеца ова е четврто по ред пукање во Скопје, а досега се убиени четири лица. За вечерашниот инцидент порталот Алмакос пишува дека убиството се случило на автобуската станица каде што имало многу луѓе кои чекале автобус.
Во 24 годишникот било пукано од возило Југо во движење објави Алмакос.