Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој всушност беше воведена обврска граѓаните кои не користат парно да плаќаат надоместок.

Од Судот велат дека по членот 66 решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена.

Иницијативата до Судот е поднесена од Здружението за заштита на човековите права „Но пасаран“.

Приближно 12.000 домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија секој месец плаќаат паушален износ во зависно од површината на станот. Тие веќе неколку години протестираат пред Регулаторната комисија за енергетика.

Судот денеска укина член од Правилникот за полагање испит за медијатори, Одлука за утврдување на цени за чистење на снег во Маврови Анови, како и Одлука за поништување на одлука на Советот на Општината Центар за донесување Детален урбанистички план за централното зеленило. Според Судот, Советот на Општина не може да поништува урбанистички планови, туку може да ги менува плановите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 20:57