Во месноста Краста во недела, традиционално на последната недела од годината, ќе се одржи собирањето на бадниковите гранчиња во пресрет на најголемиот христријански празник Божик.

Симболично, првото гранче даб, кој е симбол на среќата и радоста, ќе го пресечат годинашниот кум Влатко Огненовски – Шеф и здравичарот Стефан Хаџи Николов – Штеф.

Централната манифестација ќе се одржи на 6 јануари на платото пред соборниот храм Свети Климент Охридски каде новиот кум ќе го прими Бадникарскиот ќуп од минатогодишниот кум Радко Манов. Традиционално, и на 26-та манифестација ќе биде организирано заминување на пајтоните со кумовите и здравичарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2017 12:16