52-годишна жена вчера била касната од куче во скопската населба Ѓорче Петров.

МВР соопшти дека Р.Т. вчера попладне во 15:10 часот додека се движела пеш по улицата „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров, била нападната и касната за десната потколеница од куче, според неа, од расaта волчјак.

Лекарска помош и била укажана во Ургентен центар во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2017 12:36