Истакнатиот член на политичката партија Левица, на својот фејсбук профил го обвини новиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев дека во буџетот за наредната година си предвидел месечен трошок од 550 евра со кој ќе ги покрива сметките направени за користење на службен телефон.
– Читам предлог буџет на Општина Карпош за 2018. Предвидени расходи за телефон и телефакс на градоначалникот 400.000 денари. По 33.300 денари месечно. Што да се прави, не е лесно да се биде градоначалник. Цело време си на телефон и непрекинато праќаш факсови… Добро бе, колку часа треба да разговараш за да направиш сметка од 33.000 денари? Ти останува време за спиење?, пишува Здравко Савески на Фејсбук коментирајќи ги предвидените трошоци за телефон за градоначаникот на Карпош, Стефан Богоев.