Во однос на минатата година, има помал број на сообраќајни, на загинати и повредени.
Годинава 122 загинати во над 7.300 сообраќајни несреќи во Македонија. Републичкиот завод за безбедност ги претстави податоците. Опфатен е периодот од јануари до ноември.
Во однос на минатата година, има помал број на сообраќајни, на загинати и повредени. Во однос на носењето сигурносен ремен, најпримерни се жителите на Пехчево, најмалку се врзуваат штипјани. Потребно е подигнување на јавната свест.
РСБСП ја оцени оваа година како успешна во однос на активностите кои ги преземаат, а за тоа, како што рекоа, покажуваат и податоците во кои се наведува дека е намален бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица во однос на претходната година.