Во центарот на Скопје денес напладне се одржа традиционалната дедомразовска трка во која учесниците се облечени во костуми на Дедо Мраз.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Годинава трката броеше околу 300 граѓани, а учесниците беа од сите возрасти, мажи и жени.

Почетокот и крајот на трката беа во паркот „Жена-борец“, а се трчаше кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку плоштадот „Македонија“ до целта.

Должината на патеката е два километра. Дедомразовска трка низ улиците на Скопје се организира веќе четврта година по ред.

Трката е од спортско-рекреативен карактер, а може да учествува кој сака без разлика на полот и годините. Според правилата, најмалите може да трчаат само во придружба на нивните родители.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 05:02