Оваа 2017 е година на Вардар и нашите играчи и клубот ги собираат плодовите од напорната работа и се радуваат на резултатите што ги постигнаа. Нашиот капитен Стојанче Стоилов ја доби наградата за спортист на годината во изборот на градот Скопје и Сојузот на спортски федерации.
Сите индивидуални награди во поединечните категории ги добија „црвено-црните" а најголемото признание - спортист на Скопје за 2017 му припадна на Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар. На третото место е Сара Ристовска, крилото на женската екипа на Вардар.
Голманот Арпад Штербик е прогласен за најдобар спортист странец што настапува во Скопје. Раул Гонзалес е најдобриот тренер во градот, а машката екипа на Вардар очекувано ги добие сите пофалби во екипна конкуренција.
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија во сениорска категорија (жени и мажи)
1. Стојанче Стоилов - Ракометен клуб Вардар
Учесник во Лигата на Шампиони 2016/2017 и со својот клуб го освои првото место во Лига на Шампиони во ракомет на завршниот финал – фор турнир во Келн, Германија.
2. Дејан Георгиевски - Таеквандо клуб Бутел
Прво место на европско сениорско првенство одржано во Софија – Бугарија.
3. Сара Ристевска - Женски ракометен клуб Вардар
Учесник во Лигата на Шампиони 2016/2017 и со својот клуб го освои второто место во Лига на шампиони во Будимпешта – Унгарија.
4. Сара Радичевска - Карате клуб Макпетрол
5-то место на Европско првенство во Коџаели, Турција.
5. Евгениј Поп Ацев - Академски пливачко ватерполо клуб Студент
Прво место на светска ранг листа во далечинско пливање.
6. Ненад Келебиќ - Карате клуб Цветан Димов
Освоено трето место на Балканско првенство и 46-ти на светската ранг листа.
7. Берна Шерифовска - Џудо клуб Миоки
Трето место на Балканско првенство за сениори во Скопје.
8. Енес Смајлагиќ - Карате клуб Цветан Димов
Освоено трето место на Балканско првенство и 55-ти на светската ранг листа.
9. Дрита Ислами - Атлетски клуб Работнички
Прво место во ЕП – трета дивизија, 400 метри пречки и 5-то место на ЕП, трета дивизија, 200 метри.
10. Бобан Николов - Фудбалски клуб Вардар
Учество со својот клуб во група во Лига Европа на УЕФА, каде што за прв пат во историјата се натпреварува македонски клуб.
Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (жени и мажи)
1. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
Бронзен медал на Европско првенство во Софија – Бугарија, У21.
2. Филип Кузмановски – Ракометен клуб Металург
Член во младинската репрезентација и освоено 6 место на светското првенство во Алжир, У21.
3. Моника Пендаровска – Карате клуб Макпетрол
Златен медал на балканско првенство во Херцег Нови, Црна Гора.
4. Елмедин Сејфулаху - Боречки клуб Лирија 2010
Второ место на балканско првенство во Бурса, Турција.
5. Хамза Јашари – Џудо клуб Миоки
Трето место на балканското првенство за кадети, и петто место на европското првенство за кадети.
Категорија најталентиран млад спортист - кадет за 2017 година
Аид Салихаси - Боречки клуб Тефејуз
Освоено прво место на балканско првенство во Словенија.
Најуспешен тренер
Раул Гонзалес – Ракометен клуб Вардар
Учесник во Лигата на Шампиони 2016/2017 и со својот клуб го освои првото место во Лига на Шампиони во ракомет на завршниот финал – фор турнир во Келн, Германија.
Најуспешна спортска екипа од Скопје
Ракометен клуб Вардар
Клупски европски шампион за 2017 година, освоено прво место на завршниот финал – фор турнир во Келн, Германија.
Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје
Арпад Штербик – Ракометен клуб Вардар
Учесник во Лигата на Шампиони 2016/2017 и со својот клуб го освои првото место во Лига на Шампиони во ракомет на завршниот финал – фор турнир во Келн, Германија и прогласен за најдобар ракометар во светот за 2017 година.
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби
1. Андреј Стојаноски – Пливачки клуб Бета
Освоено четврто место на Олимпијадата за глуви во дисциплините 400 метри мешано и 400 метри слободно, одржана во Самсунг, Турција.
2. Флоренс Герет – Пливачки клуб Бета
Освоено прво место во дисциплина 50 метри грбно на европското првенство за лица со даунов синдром, одржано во Париз, Франција.