На 25.12.2017 година во 09,40 часот Д.Ј.(61) пријавила дека на 23.12.2017 година на бул.Јане Сандански бб Скопје, на тротоарот, забележала куче скитник без знаци на живот, по што заедно со соседите телото на кучето го однеле на ветеринар, кој по извршениот преглед констатирал дека смртта на кучето настанала од труење.

На 25.12.2017 година во 12:00 часот А.Т.(21) пријавил дека на 23.12.2017 година околу 21:00 часот на бул.Метрополит Теодосиј Гологанов додека се движел од зад грб му се приближило куче-скитник и го каснало во пределот на десната потколеница.

На 24.12.2017 година во 22:20 часот во Полициска станица Драчево Т.Н.(29) пријавил дека истиот ден околу 19:40 часот на ул.Иван Хаџи Николов од страна на куче скитник бил каснат во пределот на левата нога. Т.Н. побарал лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

На 25.12.2017 година во 19,30 часот С.Б.(30) пријавила дека претходниот ден околу 19,00 часот на ул. Иван Хаџи Николов ја нападнало куче скитник кое ја каснало за левата нога.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2017 11:19