Од 1 јануари раѓање на новороденче на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Управата за водење матични книги, поранешна Комерцијална банка, а изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена и ќе може да се подигне во месните општински канцеларии во целата држава.

Според директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски станува збор за реформа во матичната евиденција со која ќе бидат опфатени сите кои се поборници за традиционалниот начин на пријавување. И натаму продолжува проектот „Добредојде бебе“ со кој родителите и имаат опција да го пријават раѓањето уште во болницата и таму да го добијат изводот.

Како што прецизира денеска на прес-конференција Котевски, ќе се овозможи на едно место да се изврши беслатно пријавување на раѓањето на новороденчињата од петте родилишта во Скопје: Гинеколошко акушерската клиника (ГАК) Скопје, Мајка Тереза Чаир, Св. Лазар, Систина и Ремедика, а не како досега во општините кајшто се овие здравствени установи. За пријавување е неопходно еден од родителите да дојдат на шалтерите за водење матични книги во скопското подрачно оделение на Управата, при што треба да приложи две важечки лични карти, венчаница или изводи за родени од двајцата родители.

- Со пријавувањето во подрачното одделение на Управата првиот извод на новороденчето ќе може да го подигнат во која било месна канцеларија на територија на град Скопје или на територија на државата. Поднесувањето на првиот извод од матична книга на родени е 150 денари и новината е поврзана со реформата на јавната амдинистрација „една точка на услуги, рече Котевски.

Гарантираат, дополни, рок од пет дена од поднесување до издавање извод затоа што многу граѓани се жалеле дека за овој документ во некои месни канцеларии на град Скопје се чека десет или 20 дена. Во подрачната канцеларија на Управата има поброен кадар и од едно место ќе се даваат барањата до МВР и изводите ќе се издаваат во рок од пет дена.

Како што информира Котевски, годинава на територијата на Скопје се родиле 10.900 новороденчиња, од кои во ГАК Скопје се родиле 4.700 новороденчиња, а во Мајка Тереза Чаир 3.850.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2017 12:40