Традиционално пред крајот на годината награди за најхрабрите и најхуманите. Град Скопје ги прогласи најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител. Признанието треба да им биде лична мотивација, но и пример за другите, истакна заменик-градоначалникот Малиќи.
Полицаецот Зоран Павловски многупати ги демонстрирал својата храброст и хуманост. Награден е што спасил родилка, брзо и со голема вештина ја пренел во болница.
Пожарникарот Џеват Ибраими се сеќава на акцијата во која спасил двајца од провалија длабока 30 метри. Крводарителот Зоран СТојменовски, пак, од 1988-ма година, 104 пати дарувал од скапоцената течност.
Хуманоста е општествена вредност, таа е дел од нашите принципи, од нашата етика, а Акопје како симбол на солидарноста ги негува традициите, рече заменик-градоначалникот, Енвер Малиќи.