„Изминатиов период екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ од секторот „Вонградско зеленило“ извршија поставување на нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во парк – шумата Водно. Два големи детски реквизити се поставени кај хотел „Водно“ и кај Марково Крувче, а еден помал детски реквизит е поставен на патот за Сончев Град.

За поидеална рекреација на граѓаните се поставени и нови видоковци на локациите кај Панорама, на патот за Сончев Град, кај Детското одмаралиште, на патот за Нерези, под средно Водно и кај Долги рид.

Освен поставувањето на новите реквизити и видиковци, исто така е извршена реконструкција на постоечките клупи и маси на средно Водно, како и на другите парковски елементи кои беа оштетени и стари.

Сите граѓани се добредојдени да се релаксираат и уживаат во природата на Водно користејќи ги овие елементи, но и да ги чуваат и совесно да се однесуваат кон истите“, се вели во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2017 15:47