Писателот Коста Петров е прогласен за најчитан македонски автор за 2017 година.
Манифестацијата „Најчитан македонски автор за 2017 година“ ќе се одржи утре во Градската библиотека „Брака Миладиновци“.
Комисијата за прогласување на најчитан македонски автор во мрежата на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје својата одлука ја донесе врз база на резултатите добиени од системот COBISS, за најпозајмуван автор во сите централни библиотеки и подрачни единици на библиотеката.
Во рамките на манифестацијата ќе бидат доделени и благодарници на институции и поединци за успешна соработка во 2017 година.
Коста Петров е еден од најпродаваните македонски автори. Неговите три книги:„Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“ се продадени во над 20.000 примероци за помалку од три години.
Во 2013 година, од страна на престижниот светски бренд Џони Вокер, беше прогласен за личност на годината во Македонија. Тој е основач и извршен директор на „Пи Ворлд“, глобална креативна агенција основана во Македонија.
За својот придонес во индустријата на настани и медиуми двапати се најде на листата на 30 највлијателни луѓе во индустријата за настани на Југоисточна Европа на Конгрес Магазине.