Гостиварец синоќа се здобил со прострелана рана при обид за грабеж во неговиот дом, информираат до СВР Тетово. Три непознати лица, од кои едното вооружено со пиштол, со маски на лицата, синоќа околу 20 часот и 40 минути, извршиле разбојништво во куќата на Р.Е (67), лоцирана на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар.
Откако заsвониле на вратата, мислејќи декa е синот, Р.Е. се упатил кон влезната врата, а тогаш едниот од нив се втурнал во него и со тупаница го удрил по лицето, од што паднал. Набрзо станал и се обидел да им пружи отпор. Еден од разбојниците кој бил вооружен, испукало еден куршум и го погодило во десната нога, нанесувајќи му прострелна рана.
Повредениот Р.Е. е пренесе во гостиварската болница, укажана му е лекарска помош и префрлен е на скопските клиники.