Утрово пред клучката Хиподром се случила сообраќајна несреќа, во која што според привчните информации повредено е едно женско лице. Таа била пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, еден камион и автобус, а истата била пријавена во 7 часот и 40 минути.

Сообраќајот се одвива отежнато и по една коловозна лента бидејќи се уште трае увидот на лице место.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 21:10