До крајот на годинава ќе може повторно да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, согласно измените на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22 декември минатата година.

Со законските измени се овозможи дополнителен рок и за комплетирање на документацијата, што ќе може да се направи до крајот на јуни годинава.

Услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година, како што се предвидуваше и со првото законско решение за оваа намена. Барањата се поднесуваат до општините, каде се приложува платена сметка за струја или вода, по што процедурата предвидува и доставување геодетски елаборат.

Од март до септември 2011 година за легалзиацја на дивоградби беа доставени 360 илјади барања, а во дополнителниот рок на почетокот на 2016 година беа поднесени уште 80 илјади барања.

Според податоците од надлежните институции досега се легализирани 40 отсто од објектите за кои беа поднесени барања.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 21:14