Утрово во 5 часот и 24 минути на 10 километри источно од Дојран беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени.
Епицентарот бил во Грција, на само 10 километри од Стар Дојран и на длабочина од 10 километри.
Овој регион беше зафатен од серија земјотреси во текот на изминатите 24 часа што предизвика паника кај локалните жители.
Овој земјотрес освен во Дојран, беше почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци, Радовиш и Берово, а истиот предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места, во непосредна близина на епицентарот.