За време на изминатиот продолжен викенд на подрачјето на СВР Скопје се случиле 40 сообраќајки, при што едно лице го загуби животот, три лица се здобија со тешки телесни повреди, додека 35 со лесни.
Полицијата регистрирала и 91 прекршок управување со поголема брзина од дозволената, а 36 возачи биле исклучени од сообраќајот. Осум бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол, 25 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 3 бидејќи биле возачи почетници.
Од сообраќај биле исклучени и 19 возила кои не биле регистрирани, додека 7 возачи биле санкционирани за поминување на црвено светло, а 2 бидејќи не дале првенство на минување.
Во текот на изминатите денови исто така издадени се 90 мандатни платни налози, додека 88 возила се подигнати со „Пајак”.