Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ на 7 јануари ќе го одржи традиционалниот концерт „Божик – Слава“ по повод празникот Христово раѓање – Божик.
На концертот на хорот „Св. Злата Мегленска“, кој го води диригентката Летка Димовска-Полизова, ќе гостуваат мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје.
Солисти ќе бидат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.
Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ од 19.30 часот.