Иако Охридскиот Народен театар е еден од театрите во Македонија кој има најлоши услови за работа и со потешкотии функционира во објектот на Центарот за култура кој е изграден пред околу 70 години,пари за изградба на нов театар-нема.
Ресорниот Алаѓозоски вели дека имаат политичка волја да ги решат проблемите и да ги подобрат условите во институциите од културата, но се зависело од буџетските средства со кои располагале. Покрај охридскиот, во лоши услови работеле и прилепскиот,штипскот и кумановскиот тетар, но за сега нема да се градат нови објекти, ќе се крпарат постојните.
-Ние рековме пред да преминеме во нови градби приоритет би ни било санација на постојната културна инфраструктура. Наша цел е секако да им помогнеме, но од друга страна вие знаете дека преку 20 институции пријавија проблеми со прокиснување, голем број имаат проблеми со греење, изјави Роберт Алаѓозоски-министер за култура.
Инаку и покрај лошите услови за работа,Охридскиот народен татар е еден од најпродуктивните во Македонија.
-Работиме со многу голем ентузијазам,бидејќи знаеме дека Охрид е гладен за театар. Тоа е единствениот стимул што сите нас во театарот и Центарот за култура не тера да работиме под вакви недостоинство услови-вели директорот на Центарот, Стрезо Сраматовски.
-Би требало да имаме и нова театарска зграда, би требало да имаме и модерен, обновен Центар за култура, изјави Стрезо Стаматовски-в.д.директор на Центар за култура.
-Јас имам работено претстава во овој театар и можам да кажам дека недостасуваат елементарни професионални минимуми за работа.Недостасуваат простории, недоставува опрема, недостасува објект кој ќе биде енергетски ефикасен и се разбира најважното, недоставува најважното, дом, изјави Дејана Николовска-театарски режисер.
Изградбата на нов театар требаше да почне до крајот на 2017-та,и да биде еден од најраскошните и луксузни театри во Македонија, но ништо од тоа.Новата национална стратегија за култура предвидува само подобрување на инфраструктурата во Центрите за култура под чија капа работат театрите.