Ветерот што од синоќа почна да дува во скопската котлина го расчисти загадениот воздух. Од ноќеска по 22 часот според мерењата, концентрацијата на ПМ10 честичките се под максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар.
Метеоролозите најавуваат и за денеска умерен до засилен ветер.
Загадувањето во изминатите два дена беше неколку пати поголемо од дозволеното. Највисоката вредност на ПМ10 честичките беше измерени во Лисиче – 629 микрограми на кубен метар. Во првите два дена од новата година концентрациите беа над 200 и достигнуваа до 600 микрограми.
Утрово најзагадено е во Кавадарци, со вредност на ПМ10 честичките од 126 микрограми на кубен метар. Веќе во Куманово и Кичево вредностите се 56, односно 54 мг/м3. Мерната станица кај Ректорат покажува 49 мг/м3, во Кочани 36 мг/м3 и 28мг/м3 во Миладиновци…